Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека Косово во иднина ќе добие независност и суверенитет на целата територија, но не затоа што тој ќе го признае, туку затоа што не поминало решението кое го понудил.
Но, Вучиќ не прецизира што точно понудил и на кого.
Вучиќ на ТВ Пинк изјави дека „тоа што го нудел не можело да помине, поради огромниот притисок на одделни земји и нивните разузнавачки служби кои покренале комплетни агентури по разни земји политички, медиумски и други“.
Тој рече дека тие што го критикувале прво наведувале дека немаат слушнато никакво решение или предлог од него, но сепак го напаѓале.
– Гледате ли какво е тоа севкупно лицемерство. Велите не сте слушнале што содржани тој предлог, јас се согласувам дека не сте го слушнале, но зошто го напаѓате. Поради тоа главата ми ја откинавте метафорично, а не ни слушнавте за што се работи, а сега кога кажувам дека е пропаднато, велите дека не сте го ни слушнале. Почекајте луѓе, па зошто го напаѓавте и го уривавте, а не сакавте ниту да го слушнете, праша Вучиќ.
Тој додаде дека е организиран внатрешен дијалог, но на дел од опозицијата не го презентирал својот предлог за решавање на косовското прашање.
– И ве молам, ве прашувам кое е решението сега, освен дека Косово во иднина, а не по моја волја и затоа што јас ќе го признам, ќе добие независност и суверенитет на целата своја територија, а потоа ќе ги прашам оние кои протестираа и кажуваа многу работи, зошто тоа го правевте и како е можно да не ја согледавте реалноста и зошто ја попречувате можноста Србија да извлече нешто, за својот народ и својата земја, истакна српскиот претседател.
Вучиќ коментирајќи го синоќешното отворање на „Слободната зона“ на дел од опозицијата кај зградата на Pретседателството, изјави дека тоа не е нешто од особена важност и дека нема проблем со протестот.
– Немам проблем со тоа, поминувам и ги отпоздравувам – добар ден, довидување, ви посакувам се најдобро, и тоа е тоа, наведе Вуќич за телевизија Пинк.