Старо-новиот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ денес положи заклетва во српското собрание и го започна новиот петгодишен мандат како претседател.
Во своето обраќање Вучич кажа кон што ќе се стреми Србија во наредните пет години.
Економија, евроинтеграции, современа војска, Косово и Метохија, соседството…
Имено тој во своето обраќање за соседите најголем акцент стави на Македонија, нормално тој не ги заборави и другите соседи. За Унгарија, Вучиќ рече дека во моментов Србија е во историски најдобри односи со неа, како и со БиХ, Хрватска, Романија, Бугарија, пошироко со Грција и Турција, но акцентот падна на Македонија.
Александар Вучиќ, во своето обраќање пред нацијата рече дека во моментов Србија е најомилениот сосед меѓу Македонците, како и дека тој не смета за браќа, а одлуката на СПЦ со давањето на автокефалност на МПЦ-ОА, тоа братство се зацврстило.
– Благодарение на иницијативата Отворен Балкан, веројатно имаме најдобри односи во историјата со С. Македонија и Албанија, особено би сакал да им се заблагодарам на Српската православна црква и патријархот Порфириј за исклучително мудрите одлуки што ги донесе и со тоа придонесе за нашите блиски односи со С. Македонија, и тоа е нешто што историјата, ваша светост, ќе суди, рече Вучиќ, обараќајќи му се на патријархпт Порфириј.
И додека Александар Вучиќ влече мудри и паметни потези, бугарските власти го прават обратното.
Румен Радев кој важи за проруско крило продолжува со блокадата на Македонија кон патот за ЕУ, а ништо подобра ситуација не е ни во коалицијата на премиерот Кирил Петков, каде две политички партии се децидни за ново вето за Македонија на самитот во јуни.
Тие во 21-век со своите барања сакаат да се вратат во времето на 19-от век.
Денес бугарските медиуми објавија дека Румен Радев и Кирил Петков биле повикани во Париз на средба со францускиот претседател, а тема на оваа средба ќе биде симнување на бугарското вето за Македонија.
По оваа средба работите ќе бидат многу појасни, оваа средба треба да покаже дали и колку на Бугарија и се важни европските вредности или ќе се вратат на сенките од минатото.
Ако во минатото ставот на СПЦ во односите со МПЦ беа цврсти и децидни дека нема афтокефалност, денес по 55 години тие ставови се сосема спротивни, а не беше залудно заблагодарувањето на Вучиќ кон патријархот Порфириј, па оттука можеме да заклучиме дека српскиот политички врв сериозно си ја сфатиле работата и стапиле во акција, а од ова треба да учи бугарскиот политички врв.
Србија со давањето афтокефалност на МПЦ-ОА ги затвори сите отворени прашања со Македонија, а со тоа си го олесни и патот кон ЕУ.
Средбата во Париз е клучна, а Емануел Макрон мора да покаже и да ја оправда улогата на Франција како лидер во ЕУ, нешто што Германија во минатото го правеше перфектно.