Властите во Србија нарачале 30 милиони килограми сол, еден милион килограми грашок и грав, како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав, соопшти претседателот Александар Вучиќ на дебата што се одржа на провладината ТВ Прва.
– Во време кога целиот свет хистерично очекува нешто да се случи меѓу Русија и Украина, не можете да се преправате дека ништо не се случува, рече Вучиќ.
Тој додаде дека испораките на гориво се уште се необезбедени.