Српскиот претседател Александар Вучиќ говореќи за енергетската состојба рече дека таа е стабилизирана, но дека нема да биде лесно оти има уште четири месеци долга зима.
Тој објасни дека Србија има една од најниските цени на електрична енергија, додека Македонија ја има најскапата.
– Погледнете ја Македонија, плаќа купекс цена, пазарна цена. Кога беше 300 jа плаќаа по таа цена. Кај нас со сите такси беше 66, рече Вучиќ во емисијата Хит твит на ТВ Пинк.