Ние сме најголемите пријатели на Македонија, ништо не бараме од нив, само да бидеме пријатели и браќа“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој ги коментираше податоците што ги изнесе новинарот на ТВ Пинк, дека граѓаните на Македонија во анкета одговориле дека „Србија ја сметаат за најдобар пријател“.

– Да, го видов тоа, и за политичарите и за земјите. Србија, се разбира, им е најдобар пријател, посочи Вучиќ.

На прашањето дали е изненаден од одговорот на Македонците, претседателот Вучиќ одговори:

– Како да бидам изненаден? Ние сме најголемите пријатели на Македонија. Кој е поблизок до Србија? Ние сме единствените кои не бараме од нив да ги сменат своите име или јазик. Ние го сакаме македонскиот народ. Што бараме од него? Ништо. Освен да бидеме во најдобри можни односи. Не бараме ништо од нив, рече Вучиќ.

Српскиот ретседател посочи дека иницијативата Отворен Балкан опстојува благодарение на Тирана, Белград и Скопје и дека САД имаат коректен однос кон оваа иницијатива, што, како што истакна, не може да се каже за Европејците.