Повеќе од кога било ми е страв од она што ѝ претстои на Србија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој додаде дека пред Србија е „тежок период, потежок од оној во деведесеттите години“.
Ова тој го изјави на претставувањето на Собраните дела на Милорад Екмечиќ во Белград и рече дека е загрижен поради глобалната ситуација предизвикана од војната во Украина.
Тој додаде дека верува оти до нова Сталинградска битка ќе дојде многу побрзо отколку што се мисли и дека останува прашањето „каде ќе бидеме ние Србите, што ќе правиме со себе“.
– Ќе успееме ли да го сочуваме левиот или десниот брег на Дунав за себе, а не за некој друг? И со тој завет треба да гледаме во иднината. Екмечиќ знаеше што е потребно за српското срце и српската душа, но секогаш се сеќаваше и што ѝ е потребно на српската глава, кажа Вучиќ.