Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) може да се формира само врз основа на четири потпишани документи и тоа документите за менаџерскиот тим, принципите, спроведувањето и основниот, односно првиот договор, објави Новости.
– Сите четири документи се потпишани и нивната содржина мора да се исполни. А за нивните фантазии за дански, шведски и други модели не ме интересира особено, ме интересира тоа што е потпишано да се исполни, рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со предлогот на 15 европски модели за формирање на ЗСО што ги спомена косовскиот премиер Албин Курти.
ЗСО мора да се формира во согласност со она што е потпишано, додаде Вучиќ.
– Не ви требаат нови модели, не се мачете да измислувате нешто што нема врска со вистината, рече Вучиќ.
Тој додаде дека позицијата на Србија не е идеална, бидејќи Косово е „нивно дете и тие мора да го лулаат и заштитат“.
Тој рече дека Србија е секогаш во потешка позиција, а оние кои го поддржуваат интегритетот на Србија имаат свои проблеми.
– Србија ќе ја извлечеме на доволно паметен и мудар начин и ќе можеме да се гордееме, рече Вучиќ.