Успеавме да набавиме американски лек со кој короната се лекува за 95 проценти, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ во синоќешното интервју за РТС, во кое говореше и за вакцинацијата против коронавирусот.
-Успеавме да набавиме американски лек. Со оваа ампула, короната се лекува за 95 проценти. Купивме 1.800 ампули. Нашите лекари ќе го имаат тоа во протоколот за да се обидат да спасат животи на луѓе кои се во категории во опасност, рече Вучиќ.
Тој истакна дека станува збор за исклучително скап американски лек.
-Значи, ако сум некој кој има висок крвен притисок, вишок килограми, ја добивам таа ампула и сум излечен 95 отсто. Овој американскиот лек против корона чини 600 долари, рече Вучиќ.
Тој додаде дека сака да покаже колку Србија се бори да ги спаси животите на граѓаните.
-Илјада евра чини ден на лекување на интензивна нега. Просечен човек плаќа 550 евра годишно. Државата мора да најде пари за сето тоа. И да им помогне на сите. Јас сум секогаш против затворање, но мора да им помогнете на лекарите. Мора да размислите и за животот на луѓето. И економијата. Не можам да го поднесам она што некои луѓе мислат дека е популарно да се биде против мерките, а потоа тие зборуваат против нив. Државата треба да размисли за сè, рече Вучиќ.