Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека на Косово нема да му биде лесно да стане членка на НАТО поради, како што рече, силниот отпор на Шпанија и Унгарија.
Тој рече дека по тоа прашање ништо не зависи од Србија бидејќи таа не е членка на НАТО.
„Може да бидат примени во НАТО, но не лесно бидејќи има земји членки кои не го признаваат Косово. Ќе има многу силен отпор од Шпанија, но и од одредени земји кои го признаа Косово, како што се нашите браќа и сестри од Унгарија“, рече Вучиќ одговарајќи на прашања на новинарите.
Запрашан за приемот на Косово во Советот на Европа, Вучиќ рече дека тоа е „посебен срам“.
„Никогаш во историјата не се случило такво нешто. Мислат дека можат се, но ќе го чекаме моментот кога ќе се воспостави малку поинаков однос на моќ во смисла на поголемо почитување на меѓународното јавно право“, рече претседателот на Србија.
Вучиќ подвлече дека Србија не сака да стане членка на НАТО или на кој било друг воен блок.
„Ако тоа е поентата, да не вовлечат во војна, не го разбирам тоа“, им рече Вучиќ на новинарите.