Српскиот претседател Александар Вучиќ констатираше дека сега е јасно дека од разграничувањето меѓу Србите и Албанците нема ништо и оцени дека Србите еден ден ќе жалат за тоа решение.
– Разграничувањето е моја идеја, но сега е јасно дека нема ништо од тоа. Србите еден ден ќе жалат за тоа решение. Гледате дека не можеме да се договориме да се укинат таксите, а не за други посериозни теми како што е разграничување, изјави Вучиќ.
На прашање за изјавата на Харадинај дека таксите ќе бидат на сила се додека Србија не го признае Косово, или властите во Белград ќе паднат на улица, тој рече дека тоа не е идеја на Харадинај и дека знае кој стои зад тоа, но не кажа имиња.