Зборувајќи за актуелни теми, за време на гостувањето на ТВ Пинк, претседателот на Србија Александар Вучиќ се осврна и на посетата на Албин Курти на Македонија.
– Она што се случи вчера во … Македонија, односно посетата на Курти на Тетово е скандал над скандалите. Таму беше промовирана идејата за Голема Албанија, беа прикажани симболите на Голема Албанија. Тој е претставен како премиер на сите Албанци и премиер на Тетово. Отворена е улицата Адем Демачи, а таму беше менторот и идол Албин Курти, рече Вучиќ.
„Да не бевме толку силни, толку пати посилни, помоќни по техника, вооружување, знаете ли колку Курти досега ќе не напаѓаше во секој дел? Тој не само што би ја нападнал централна Србија, Македонија, туку би ја нападнал и Црна Гора“, рече Вучиќ.