Земјотрес со јачина од 4,9 степени беше регистриран претпладнево во југозападниот дел на грчкиот остров Крит, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до граѓаните да бидат внимателни поради опасност од лизгање на земјиштето, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот е јужно од градот Ханиа, бил почувствуван во повеќе делови во конкретниот регион, меѓутоа без да предизвика проблеми.

Од бројот за итни случаи 112 беше испратена порака до сите оние кои се јужно од градот Ханиа да избегнуваат опасни подрачја како што се карпи, кањони, поради опасност од лизгање на земјиштето.