Почнуваме со масовни тестирања, изјавил денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот на српскиот кризен штаб со медицинската екипа од Кина која им пристигна на помош.
-Суштината е дека за 48 часа драстично ќе го зголемиме тестирањето. Имаме доволен број тестови. Целта е да опфатиме што повеќе луѓе. Како да е гангрена и да сечеме милиметар по милиметар. Кога тоа ќе го сториме ќе дојдеме и ќе отсечеме и дел од здравото ткиво. Тогаш организмот ќе биде здрав. Кај Кинезите кризата траела 29 дена. Тие рекоа дека нема потреба да го зголемуваме полицискиот час – рекол Вучиќ.
Тој зборувал и за хлорикинот, кој во комбинација со антибиотик се смета дека е ефикасен при Ковид 19.
-Ќе почнеме да произведуваме хлорикин, иако го имаме за повеќе илјади лица, но подготвени сме да произведуваме уште повеќе. Следната недела ќе имаме и барем 20 милиони хируршки маски. За нас е најважно лекарите да издржат, сите се уморни, а не чекаат уште повеќе напори – изјавил Вучиќ.