Министерот за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека ќе разговара со претставниците на мисијата КФОР, во врска со усвојувањето на законот во косовскиот Парламент, со кој се дозволува формирање на косовската армија.
Вулин изјави за Радио Телевизија Србија дека во во текот на ноќта се разменувале информации и дека српскиот претседател Александар Вучиќ по тој повод имал неколку разговори.
– Убеден сум дека претседателот ќе донесе најдобра можна одлука, изјави Вулин, запрашан дали Вучиќ ќе ги прифати советите за прогласување окупација.
Одговарајќи на прашањето, кој може сега да го запре формирањето на косовската армија, Вулин рече дека тоа е прашање за меѓународната заедница, која ја презела одговорноста за секоја ситуација во Косово, особено за почитување на мирот и безбедноста.