ВУЛИН: Пендаровски малку кој во Македонија го прашува за што било, а уште помалку е важно што тој мисли за границата меѓу Србија и Косово 

/ 16.05.2020

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин жестоко му одговори на претседателот Стево Пендаровски, на неговото противење на идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина.

Македонскиот претседател запрашан за прашањето меѓу Србија и Косово, рече дека „е против идејата за корекции на границите меѓу двете земји“. Пендаровски смета дека тоа би имало штетни последици на регионот и дека би се загорзил целиот напредок кој е остварен во последните 20 години.

Вулин му врати со жестока реакција.

– Пендаровски во Македонија малку кој го прашува за што било, а уште помалку е важно што тој мисли за прашањата поврзани со соседните држави. Како Србија ќе ги решава проблемите на Косово и Метохија, одлучува Србија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша, ниту пак ќе бара негово мислење. Тој може слободно да молчи на јазикот, кој никој не му го признава освен Србија, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара, ниту му го прифаќа мислењето, истакна Вулин.


Од истата категорија