Српскиот министер за одбрана Александар Вулин во интревју за весникот „Политика“, говорејќи за формирањето на косовската војска и разграничувањето, изјави дека на идејата за разграничувањето со „Голема Албанија“ најмногу се противат земјите од регионот, Црна Гора и Македонија.
– Процесот на решавањето на националното прашање на Србите ќе започне кога ќе бидеме раздвоени од Албанците. Време е Србија да почне да мисли само за себе и за својот народ, порача Вулин, додавајќи дека „што побргу биде воспоставено јасно разграничување со „Голема Албанија“, Србија се повеќе ќе има можности да го сопре нејзиното ширење и да ги зајакне своите позиции.
Како што оцени тој, „на оваа идеја најмногу се противат земјите од регионот-Црна Гора и Македонија, кои го признаа Косово и ја обвинија Србија дека ги предизвикала сите војни и конфликти, а денес се плашат од можноста „Голема Албанија“ да почне да се создава на нивните територии“.
Прашан дали КФОР на Косово може да го заштити српското население, Вулин одговори дека „ или меѓународната заедница е немоќна да го обезбеди мирот и владеењето на правото или т.н. војска на Косово е непотребна авантура која може да го загрози мирот на Косово, но и во регионот, или нема трета опција“.