Екс директорката на Еразмус тврди дека екс премиерот Заев и националната координаторка Исмаилоска сакале да го заташакаат случајот со злоупотребата на два милиони евра за образовни проекти. Во изјава за Сител вели откако ги алармирала институциите за измамата била разрешена, а потоа и обвинета дека и таа ги злоупотребила фондовите на Еразмус.
„Клучен беше човек кој беше битен човек на премиерот во тоа време, Зоран Заев, станува збор за Нола Исмаилоска која веројатно требало да гласа за измени на Устав и јас бев повикана кај него, ми беше кажано да ја повлечам пријата. Јас одбив тоа да го направам. Како резулатат на тоа по две-три недели излезе хајката, медиумска со магарињата што се тренирани и Љупчо Николовски ме промени од местото Директор на агенцијата за национални образовни програми и до денес мака мачам да си ја докажам својата невиност“, изјави Димова.
Исмаилоска и Заев не одговорија на прашањата од Сител, но за дел од медиумите, Исмаилоска негира дека на заедничка со маса со премиерот, барале Димова да ја повлече кривичната.
Од обвинителстово велат дека во 2019-та добиле кривична пријава за злоупотреба на пари од Еразмус програмата, и се уште предметот е во предистрага. Во него биле додадени извештаи на Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ и финансиската полиција.
Привот човек на Агенцијата, вели дека земајва има рок од 45 дена да врати над 2 милиони евра за кои ОЛАФ утврди дека не служеле за проекти во образованието.
„Очекуваме оваа или следната недела да ни стигне дебитното за исплаќање на средствата и ќе имаме рок од 30 до 45 дена да ги вратиме средствата, а после тоа се пресметува камата на тие средства. Владата треба да ме повика на некоја од наредните седници да изнајдеме начин на кој ќе може да се исплати“ изјави Марко Ѓорѓиевски, Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.
Евроамбасадорот Гир уверува дека нема да секнат парите за проекти во образованието. Не ја коментира одлуката за враќање на парите, но очекува почитување на препораките од ОЛАФ.
Според Димова, во злоупотребата се вмешани училишта, факултети и странски државјани, а како што вели парите завршувале на две локации.
Таа објаснува дека ги замрзнала исплатите кои сега треба државата да ги врати, но нејзиниот наследник дозволил трансфер на парите. Ѓорѓиевски негираше, вели, парите веќе биле исплатени кога дошол на директорското место.