Претседателот Стево Пендаровски ќе донесе конечна одлука дали Собранието на Македонија ќе биде прескокнато за избор на Љубомори Фрчковски за амбасадор во Обединетите нации.

Во анализата на оваа тема, на ТВ Алсат во емисијата 360 степени се поставува прашањето: Ќе се случи ли дипломатски преседан на граница со скандал со испраќањето на Фрчковски како македонски кандидат за претставник во ОН?

МНР бара сесија на комисијата за надворешна политика при Собранието која е одговорна за организирање за презентација на програмата на амбасадорот.

Претседателот на комисијата Антонио Милошоски вели дека ќе организира состанок на комисијата но смета дека испраќањето на Фрчкоски во ОН е хендикеп затоа што предходно САД одбиле да даде агреман за него во Вашингтон.

Според Милошоски заминување на Фрчкоски на американско тло во организација каде членка на Советот на безбедност е земја која не сака да го прими кандидатот за амбасадор е сериозен хендикеп во комуникацијата во светската организација.

Последен збор за испраќањето на Фрчкоски има Пендаровски кој е пред избор дали да го прескокне или да го чека законодавниот дом при именувањето на екс министерот за одбрана и надворешни работи на СДСМ.