Генералниот секретар на владата на заевизмот, Мухамед Зекири, кој патем е и кумашин на Зоран Заев, не можел да направи криминал ако за тоа не знаел неговиот претпоставен, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во врска со апсењето на Зекири.
-Се работи за криминал тежок еден милион евра кој што Зекири од позиција генерален секретар на влада го направил преку договор во четири очи без тендер со хрватски државјани кои ги ангажирал да му изработат „семинарски труд“ за приватизација на Македонски пошти, се вели во реакцијата.
Од опозициската партија натаму додаваат:
-Дека Зоран Заев знаел за ваквите активности на Зекири посочува и фактот што Заев самиот најави дека неговата влада ќе подготвува приватизација на Македонски пошти. Заев уште во октомври 2020 најави дека работат на приватизација на ова претпријатие и на уште неколку други. Зекири го сторил делото во април 2021 година. Веројатно Заев наредил, а Зекири спроведувал. Затоа надлежните органи мораат да ја прошират истрагата и да утврдат дали и колку од овие милион евра завршиле кај главата на мафијата во Македонија? Дополнително врз основа на насоката на Заев за приватизација на државни компании, обвинителството треба да испита дали е ова прв и единствен криминал на Зекири, или имало и други кривични дела пред ова, или потоа?- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.