По повод денешната прес на Ана Глигорова, како претставник на групата за он лајн настава, на која побара по завршување на зимскиот распуст наставата да не започне со физичко присуство, туку да се одвива преку интернет, со статус на ФБ се јави токсикологот Нино Беќаровски нарекувајќи го здружението „самопрогласено“.
Не е јасно какво би требало да биде здружението и кој тоа треба да го одобри за да не биде самопрогласено, и кои се тие неработници на кои мисли БЕѓаровски, а кои требало д абидат надвор од образованието, но излгледа човекот заборавил дека зборува за епидемија во која Македонија е еден од шампионите по мртви, па тој како „месија“ си го зема правото да им кажува ан родителите з ашто можат односно за што не смеат да се залагаат.
Оттаму, една членка на групата веднаш му одговори порачувајќи му дека „треска“.
А, кога веќе ја споменува Грција, на профилот на групата му беше порачано и следното:
„Кога веќе се споредуваме со Грција, еве читајте:
– Грција ги мобилизира лекарите од приватните клиники.
– Грција ги отвора училиштата, но со 3 теста неделно и за наставници и за ученици, на товар на државата.
Омикрон во комбинација со сезонски вирози (крајот на првото полугодие имаше голем број отсутни ученици од сезонските вирози). Да го земеме во предвид мислењето на докторите дека Омикрон е со полесни симптоми и тек.Но, фактот дека ќе имаме многу отсутни и болни, останува. Е сега, додадете ги катализаторите од Копаоник, Боровец…итн.
Пред Короната, Србите го прoдoлжија распустот поради појавата на вирус, кој беше и кај нас присутен. Кај нас не беше продолжен распустот, но одеа по 8 деца на училиште. Истото ќе биде и сега…“
Инаку, во првотото полугодие, наспроти бројките што ги пласираше Царовска, низа одделенија имаа по над 10 отсто заразени деца. Тоа е потврдениот процент. Колку деца навистина беа позитивни, нема никогаш да дознаеме. Колку од тие деца заразиле некој возрасен кој завршил со тешки симптоми, па можеби и во болница, каде смртноста ни е меѓу најголемите во светото, исто така нема да дознаеме. Но, затоа Беќаровски е тука да ни каже дека местото на децата било во училиште. Тоа е истиот кој иронизираше поради фактот дека луѓето оделе на концерти каде се заразувале, па ќе им подаруваше карти од концерт на Цеца.
Инаку, матичните лекари тврдат дека во Скопје со денови нема термини за тестирање, па луѓето или одат во други градови или плаќаат во приватни лаборатории.
Инаку, единствен лекар кој јавно се залага за он лајн настава поради Омикрон и поради се уште присутната Делта, останува Злате Мехмедовиќ.