Мал куриозитет денеска е фактот што во 15 часот на сите мерни станици е регистрирано пониско загадување на воздухот од дозволеното.
Едноставно убава е глетката кога табеларниот приказ на загаденоста на воздухот насекаде е со зелена боја.
Заслугата единствено е на ветерот кој ноќеска и денеска дува во регионот и во Република Македонија. Најдобар „министер“ за животна средина и за негов заменик, се покажа токму ветерот.
(Д.Г.)