Бројот на нови инфекции со коронавирус во светот се зголемил за речиси два милионa во неделата од 14 до 20 септември, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Во исто време, во тој период бројот на смртни случаи се зголемил за 37.700.

Според неделниот билтен на СЗО, објавен синоќа, вкупниот број на официјално потврдени случаи на инфекција надминал 30,6 милиони, што е за шест проценти повеќе од претходната недела.

До 20 септември, 950.000 луѓе ширум светот починале како резултат на компликации од коронавирус, пренесе агенцијата ТАСС.

Најсериозната епидемиолошка состојба и натаму е во Северна и Јужна Америка, каде што бројот на случаи се зголемил за 38 проценти во споредба со претходната недела.