Факт е дека коронавирусот носи смрт и неволји, како што е факт дека вирусот се користи, според потребите, за подигање на моралот на луѓето и за заплашување.

Имено, спроти изборите и за време на изборите министерот за здравство Венко Филипче и Владата говореа дека нема опасност од вирусот, дека се смирува… А сега,спротивното: Филипче вели ситуацијата се влошува.

– Како што завршува летото состојбата со коронавирусот кај нас, како и насекаде во Европа и во многу земји во светот се влошува. Велика Британија, Франција, Шпанија, Чешка, Холандија се меѓу земјите кои се подготвуваат да воведат нов пакет рестриктивни мерки во обид да се спречи ширењето на коронавиурусот во овие земји, истакна на денешната прес-конференција министерот Филипче.

Тој потенцира дека британската Влада планирала дури и воведување нов национален карантин.

– Шкотска упати предупредување до своите граѓани за тешки, но неопходни рестрикции. Во Израел тоа веќе е на сила, затворени се училишта, градинки и трговски центри. Франција исто така ги заострува мерките. Меѓудругото ќе бидат забранети дружења и посети меѓу домакинствата. Ова е нешто што го најавувавме неколку пати и посочувавме дека месец септември може да биде почеток на еден нов есенски бран, додаде Филипче.

Од една страна отвораат училишта, градинки, кафулиња, граници, концерти… А од друга страна власта ги заплашува граѓаните со нови мерки и ограничувања на движењето.

(Д.Г.)