Албанци го поставија своето знаме над статуата на ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ денеска додека демонстрираа во Лондон протестирајќи против изјавите дека се носители на криминалот во Велика Бртианија, објавува Дејли меил.
Најџел Фараж ги оквалификува овие демонстрации како „срамни“, откако илјадници Албанци се собраа на мостот Вестминстер и маршираа кон Вестминстерската палата. „Овие луѓе не се грижат за нашата земја или за жртвите од минатото. Ова што денес се случува во Лондон е срамота!’, истакна Фараж.
Демонстрантите побараа од Владата да ги почитува нив и нивните човекови права, наведувајќи дека не се сите Албанци криминалци. Снимките покажаа демонстранти како држат национални знамиња со двоглав орел и транспаренти во рацете, а министерката за внатрешни работи се најде на удар поради нејзиниот остар јазик во однос на нив.
На Албанците отпаѓаат 12.000 од рекордните 40.000 мигранти кои пристигнале во Велика Британија оваа година
Министерката за внатрешни работи се најде на удар на опозициските партии и некои нејзини колеги поради остриот јазик што го употреби на почетокот на овој месец. Таа сугерираше дека само ториевците се „сериозни за запирање на инвазијата на нашиот јужен брег“.
Оваа недела беше откриено дека Министерството за внатрешни работи депортирало 350 лица во октомври, од кои повеќе од 100 биле албански државјани.