Британскиот премиер Борис Џонсон би можел да стане следниот генерален секретар на НАТО, пишува „Телеграф“.
Џонсон би можел да го води НАТО по напуштањето на премиерската функција на Велика Британија.
– Доколку би се пријавил за функцијата генерален секретар на НАТО, претпоставувам дека би можел да му се обрати на претседателот Зеленски за препорака, изјави еден од претставниците на Конзервативната партија.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се очекува да се пензионира во септември.