Според информациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, прославата на Илинден ќе се одржи на платото во Вила Водно.
Пендарвоски го одбележа Денот на Републиката во Скопје последен пат пред три години како прва прослава во организација на шефот на државата. Тогаш на прославата на Илинден присуствуваа претставници на Сојузот на борците, беа поканети претставници на политички партии и дипломатскиот кор.
Лани, пак, Пендаровски, според распоредот, беше во Крушево, но и тогаш се обиде да внесе новина во прославата, па не држеше говор на Мечкин Камен, туку претходно имаше видео обраќање.
Како што денеска објавивме, претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе биде во Крушево и предвидено е да одржи говор на легендарниот Мечкин Камен. За собранискиот спикер се уште не е јасно каде ќе слави Илинден, а според ротации на првите луѓе од државниот врв, Талат Џафери ќе слави во Пелинце.