Организацијата на прославата по повод 30 години независност, ќе чини речиси 190 илјади евра. Бирото за јавни набавки го објави договорот кој Генералниот секретеријат на Владата го склучила со фирмата ДВД ПЛУС. Според податоците, понудата на оваа компанија била единствена. Според јавно достапниот договор, ДВД ПЛУС треба да обезебеди листа на изведувачи за музичкиот дел од програмата, осветлување, озвучување и бина.
Фирмата треба да обезбеди пет илјади шишиња вода од по половина литар за публиката, огномет кој ќе трае најмалку пет минути, како и промо видео за 30 години независност од една минута и на македонски и на албански јазик. ДВД ПЛУС според договорот требало да изработи и 100 илјади летоци за настанот кој го органиизира, две илјади постери, 30 билборди но и да спроведе промоција на настанот преку дигитален маркетинг.
За потсетување, власта за прославата на Рамковниот договор потроши над 400.000 евра, потсетува скопска Република.
За Илинден пак, државниот врв беше собран под еден шатор без присуство на народ, а за првпат не беше одржан и говор. Претседателот Пендаровски тоа го правдаше дека нема потреба од говор бидејќи ќе му свиркаат и оти тоа предизвикува поделби.