Британската светски позната рок-група „Ролинг Стоунс“ по повод 50-годишнината од првото издание на славниот албум „Let It Bleed“, ќе објави збогатено реиздание на истиот, преработено и обновено во моно и стерео-верзии со сингл од седум инчи, постер и книга како додатоци.
Делукс изданието ќе биде достапно од 1 ноември, на два винила или двоен „Хибрид-супер аудио” ЦД сет.
Во сет-колекцијата ќе има и нова верзија од синглот од 1969., „Honky Tonk Women / You Can’t Always Get What You Want”, три литографии, голем постер од првиот пакет, книга со тврди корици на 80 страници, која содржи есеј на новинарот Дејвид Фрики и досега необјавени фотографии со Етан Расел.
Обновената стерео-верзија ќе биде достапна и засебно на ЦД, винил и во дигитален формат.