Еколошки се неприфатливи и загадуваат само пластичните кеси со рачка, но не и пластичните кеси без рачка, кои граѓаните во Македонија може бесплатно да ги добијат во маркетите кога пазарат.
Ова е логиката или апсурдот на новата мерка што власта ја воведе од почетокот на месецов. Од 1 декември стапи на сила забраната за пластични кеси, а како што е објавувано, за граѓаните се достапни само биоразградливи кеси кои се наплатуваат по 15 денари.
Познати сме дека кај нас „сите чуда траат три дена“ и еве по половина месец од новата мерка апсурд кој не е биоразградлив: Како може истите кеси со рачка да загадуваат, а истите тие без рачка да не загадуваат!?
Голем број граѓани и на социјалните мрежи реагираат на (не)логиката на оваа мерка.