За малку ќе ја запалил вилата на Хефнер, издржал 9 дена без сон, а за малку ќе бил убиен – книги
Гитаристот на бендот Ролинг Стоунс, Кит Ричардс денеска го слави својот 78 роденден. Во продолжение ви претставуваме 10 интересни факти од возбудливиот живот на рокенрол иконата.
Во текот на 1970-тите, рокерот постојано беше на списокот на познати личности „кои најверојатно ќе умрат оваа година“, а сепак, успеа да истрае во текот на сите овие години.
Неговиот живот беше турбулентен и возбудлив.
1. Скокнал од дрво и „заработил“ згрутчување на крвта
Откако со колегата од бендот, Рони Вуд, пливал во близина на приватен остров на Фиџи во 2006 година, Кит се качил на дрво и седнал на гранка висока два метри. Кога скокнал удрил со главата во стеблото.
Неколку дена подоцна имал заслепувачка главоболка и два напади. Четири часа летал до Нов Зеланд за да го оперираат и да му отстранат згрутчување на крвта во мозокот. Само шест недели подоцна се вратил на сцена.
2. Одбил да излезе на сцена додека не изеде овчарска пита
За време на турнејата на Стоунс „Steel Wheels“ во 1989 година, Кит слушнал дека во понудата ќе има и овчарската пита, која тој ја обожава. Меѓутоа, додека пристигнал, питата веќе била изедена од други, а тој бил вознемирен и одбил да се појави на сцената додека не му се направи друга пита.
По тој бизарен настан Кит изјави дека сега сите научиле лекција: „Сега се знае, тоа е моето правило. Никој не допира овчарска пита додека јас не ја пробам“.
3. Исфрлен од извидници
За време на тинејџерските години, Кит бил меѓу извидниците, но бил избркан поради лошо однесување и тоа затоа што шверцувал виски на нивните собири, се карал со други извидници и удирал регрути. Ја скршил раката при тепачка во која се обидел да удри млад човек, но наместо тоа удрил во бандера.
4. Преживеал труење
Во една прилика во Швајцарија во текот на 1970-тите пушел марихуана за која не знаел дека била отруена со стрихнин.
„Бев во кома, но бев целосно буден. Можев да слушнам се, а тие велеа дека е мртов, мртов, мавтајќи и туркајќи ме а јас мислев дека не сум мртов“, изјави тој за New Music Express.
5. За малку ќе ја запалел вилата на Хефнер
Пред Хју Хефнер да се пресели во Лос Анџелес, неговата вила била во Чикаго. Во 1972 година, Стоунс свиреа во градот, а Кит и саксофонистот Боби Кис беа поканети на забава во легендарниот дом на Хефнер.
Додека Ричардс користел психоактивни супстанци во тоалетот, случајно предизвикал пожар. Почнало да чади, а набргу потоа се појавиле келнери и мажи во црни костуми, кои донеле кофи со вода за да го изгаснат она што Кит го запалил. За среќа успеале да ја спасат куќата.
6. Девет дена без спиење
Додека работел на албумот „Some Girls“ од 1978 година, Кит поминал пет дена во студио без сон. Импресивен подвиг, но ниту блиску до неговиот најдолг рекорд без сон. Имено, тој во својата автобиографија се пофали дека еднаш поминал девет дена без спиење, а тоа завршило лошо.
Ричардс на крајот заспал стоејќи додека ставал касета на полица. Тој се разбудил во локва крв откако удрил со главата и колабирал од исцрпеност.
7. Книгите за малку ќе го убиле
Во доцните 1990-ти, Кит сакал да ја дофати книгата од Леонардо да Винчи за анатомија, во неговата домашна библиотека, па паднал од стол. Неколку големи книги паднале врз него при што му скршиле три ребра. Поради неговата повреда, бендот мораше да ја одложи турнејата.
8. Чак Бери го удрил
Кит на потешкиот начин научил дека никогаш не треба да ја допира гитарата на Чак Бери. Имено, тој бил во соблекувалната на легендарниот рокер. Кога Чак заминал, Кит ја видел гитарата и решил малку да свири на неа. Сепак, Чак се вратил врескајќи дека никој не смее му ја допира гитарата и го удрил по лицето.
9. Скокнал од запален прозорец на куќа
Додека изнајмувал куќа во Лос Анџелес кон крајот на 1970-тите, Ричардс заспал откако случајно предизвикал пожар во собата. Огнот се проширил, а неговата тогашна девојка го разбудила и му рекла дека куќата гори. Скокнале низ прозорец – Кит бил само во маица, а девојката гола.
Следниот ден се вратиле во куќата или она што останало од неа и на поцрнетата трева во дворот нашле натпис на кој иронично пишувало „Многу ти благодарам Кит“.
10. Ја исшмркал пепелта на кремираниот татко
Кит го изгубил својот татко во 2002 година и нашол интересен начин да се справи со неговата смрт – шмркајќи го. Во 2007 година, Ричардс призна дека по кремирањето на неговиот татко зел малку пепел, го измешал со кокаин и го шмркал.