Бред Пит е една од најголемите холивудски ѕвезди, а малкумина знаат дека во далечната 1988 година глумеше во филмот „Темната страна на сонцето“ заедно со филмската дива Милена Дравиќ, која го толкуваше ликот на неговата мајка.

Филмот го режираше Божо Николиќ, а Бред Пит кој денеска полни 58 години, е избран за улогата Рик од 400 кандидати во Америка. Во оваа продукција Бред Пит го игра младиот човек Рик Клејтон, кој боледува од ретка болест на кожата, каде што учи важни животни лекции. 

Во очекување дека ќе го излечат својот болен син, американското семејство доаѓа на јадранскиот брег. Медитеранските денови на еден млад човек кој има ретка болест на кожата минуваат како што се очекуваше, се додека поради една девојка не сака да стане друг. Филмот е снимен во 1988 година, но поради избувнувањето на војната во поранешна Југославија, тој остана недовршен. Премиерно беше прикажан во 1997 година.