Европското знаменце на законите за коридорите што ке ги гради Бехтел и Енка е политички оправдана одлука насочена директно против блокадата на Левица, објасни вицепремиерот Маричиќ. Тој тврди дека за ова е известена и Унијата, иако признава дека се работи за законски измени кои не се дел од европското аки, факт на кој пред два дена укажа и делегацијата на ЕУ во земјава, пренесува Сител.

Оваа одлука е донесена за да се заобиколи нелегитимната блокада од страна на Левица, проруска партија, анти-НАТО партија, анти-ЕУ партија која ќе направи сѐ да ги спречи коридорите и впишани во европските трансевропски мрежи и за еден ваков проект реализиран од американска компанија.

Од ЕУ пак очекуваат државата повеке да се посвети на борбата против коруцијата која е клучен проблем на евротинтегративниот пат.

Маричиќ најави дека овој проблем ке го разгледа со премиерот за да се направи мини реформски план кој ќе треба летово да се реализира. На судиите и обвинителите им порача да ги запазат процедурите и повеќе да внимаваат на јавниот имиџ. Вицепремиерот очекува текстот на уставните амандмани да биде завршен наредните денови или недели за да може до ноември да биде изгласана промената на Уставот.