За 61 процент од Грците земјата во изминатите шест месеци сигурно или веројатно оди во правилна насока, покажува истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Pulse“ спроведено за грчката телевизија „Скај“, jави дописничката на МИА од Атина.
Владејачката Нова демократија и понатаму е во предност пред опозициската СИРИЗА со 13,5 отсто поголем рејтинг, додека пак Кирјакос Мицотакис за 45 проценти од анкетираните е посоодветен за премиер во однос на Алексис Ципрас, кој добива 26 отсто