Владата ќе се задолжи 580 милиони евра за да спаси што може да се спаси од колабираната економија.
Две најважни мерки се да обезбедиме ликвидност на буџетот, ставајќи го буџетот во служба на министерството за мерки. И да го заштитиме стопанството и секое работно место со инјекција во бизнисот, рече денеска Нина Ангеловска, министерка за финансии.
-На владината седницата го претставивме планот. Изгледа вака:
Во планот за задолжувањето и финансирањето на буџетот да се искористи еден специјален инструмент – заем со еврообврзница до 400 милиони евра за да се сервисираат потребите во време на справување со пандемијата. Ќе биде исплатен со средствата од еврообврзницата. Ова ќе биде заем од странски комерцијални банки по поволни услови. Од понеделник ќе биде отпочнат процесот. Осумдесет милиони евра од ММФ ни стојат на располагање и ќе ги бараме. Од Светската банка ќе повлечеме 100 милиони евра. Од понеделник ќе ги доставиме барањата, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.