Министерството за надворешни работи на Бугарија на 31 јануари 2019 година испратило одговор до редакцијата на вебсајтот eurochicago/com со број на луѓе кои ја напуштиле државата, потпишано од Елена Шекерлетова, секретар во министерството.

Според одговорот, најмногу Бугари има во Германија – 416 илјади, но во останатите бројки не е прецизно наведено. Така на пример во Франција бројката е 60-80 илјади, за Австралија 10-15 илјади, Нов Зеланд 3-5 илјади. За САД – 300 илјади, за Грција исто така 300 илјади, за Канада 70 илјади, за Шпанија, 250 илјади, за Велика Британија 200 илјади, за Италија 120 илјади…

Ако се споредат бројките со оние од пред седум години (според МНР) ќе се види дека во 2011 година бројот на бугарски граѓани во Германија бил 74.869, а сега таа бројка е над 400 илјади и тоа е многу повеќе отколку во САД, Грција и Шпанија.

За 2011 година во Велика Британија имало 100 илјади бугарски граѓани, за Франција 30 илјади за Турција 500 илјади.

Бројот на бугарски граѓани кои се отселиле во измиантите седум години во Британија е повисок за 100 илјади, за Франција 30-50 илјади, за Турција намален за 150.000.

Податоците за САД, Грција и за Шпанија се истите како и сега.

Вкупниот број на Бугари во светот според податоците од 2011 година бил 2.018.792 и ако сега се споредат, постои зголемување за 400 илјади за седум години – на над 2 милиона и 417 илјади бугарски граѓани надвор од Бугарија, наведува чикашкиот сајт.