Франција и Германија бараат турската офанзива во северна Сирија веднаш да запре, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон по француско-германскиот состанок на ниво на влади.
– Разговаравме за операцијата и побаравме таа да биде прекината, рече Макрон, истакнувајќи дека турската офанзива им помага на терористите на Исламската држава да ги вратат своите позиции.
Францускиот претседател го поддржа заедничкиот дипломатски притисок врз Турција да ја прекине офанзивата.
Тој смета дека од витално значење е ставот за ова прашање да биде усогласен со Русија и особено со Иран, што, како што вели, има важна улога во регионот.
Пред два дена, пак, американскиот претседател Доналд Трамп, во рамки ан неговата анредба за повлекување на САД од Сирија, на Твитер напиша дека му е сеедно кој ќе биде таму, откако ИД не постои, Русија, Кина или Наполеон Бонапарта, важно е дека Американците ќе бидат 7000 милји подалеку.