За сите постапувања на судот и обвинителството одговори треба да се побараат во судството и владата на Ковачевски и неговите сопартијци кои градеа кариери на овој случај, се веи во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение од опозициската партија:
За сите постапувања на судот и обвинителството одговори треба да се побараат во судството и владата на Ковачевски и неговите сопартијци кои градеа кариери на овој случај како и од Ахмети и ДУИ кои се активни партиципиенти во истата влада и ја споделуваат одговорноста за корумпираното судство.
Едно е сигурно и очигледно во Македонија, а тоа е дека клиентелизмот, корумпираното судство и обвинителство преполно со кадрите на ДУИ и СДС, за што можевме да се увериме и во претходниот период со последните кадровски решенија во ОЈО, Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители, каде од партиски штабови седнуваат во професионални институции, говори за тоа дека правосудниот систем во државата е клекнат на колена.
Во Македонија нема случај каде е победила правдата до крај, а вистината е дека правосудниот апарат се користи за политичка пресметка и заштита на политички интереси на власта.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ