Случаите на СЈО, во кои најчесто осомничени се поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, по се изгледа се најврвен приоритет на македонските судови, судии и обвинители.
Под палка на власта, рочиштата за овие предмети се премногу чести, траат премногу долго и се проследени со низа скандали.
Само за случајот „Титаник“, до крајот на годинава се закажани 20 рочишта, што би значело по 8 месечно, односно по две во една недела.
Осомничените во „Титаник“ се товарат за дела поврзани со изборите.
Од друга страна, за најгрозоморното убиство на 5 лица кај Смилковското Езеро, се закажуваат по едно, максимум две рочишта во месецот.
Што да се каже повеќе?