„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“: Гнасните лаги на Нинџа се единственото нешто што им преостана на Рускоска и ВиРус обвинителството

/ 09.06.2020

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека гнасните лаги на докажаниот криминалец Нинџа се единственото нешто што им преостана на Русковска

-Гнасните лаги на докажаниот криминалец Нинџа се единственото нешто што им преостана на Русковска и #ВиРус обвинителството. Не се ни посомневавме дека после извршените консултации во #ВиРус обвинителството, Нинџа ќе излезе со најнова четврта верзија за случувањата на 27-ми април, надополнета со нарачки кои после ќе бидат цитирани во јавност што од самиот Вирус, што од инфицираните послушни пера.
Македонска судска трагедија е што се уништуваат човечки судбини и луѓе се судат на стотици години робија, само врз основ на исказите на лице со илјадници страни кримнално досие и историјат на лажни сведочења, со цел да ја спаси својата дебела криминална кожа.
Невидено во светски рамки е еден ваков криминалец, на очиглед на целата јавност да биде ДЕЖУРЕН СВЕДОК – ЛАЖГО кој е “сламката на спасот” за обвинителството во кое има #ВиРус и кое само со негова помош жестоко инсистира да осудува луѓе без криминално досие и со блескави кариери.
Убедени сме дека јавноста без сомнеж се увери дека консултациите кои неодамна ги имаше криминалецот Нинџа со #ВиРус Обвинителството, се покажаа на видело денеска и на сите им е јасно дека овој криминалец кој многупати во својот живот лажел за да добие помали казни и пикал во затвор невини луѓе, уште еднаш се обидува да издејствува “договор со ѓаволот” за да си ја спаси својата криминална кожа.
Тој го кажува тоа што #ВиРус Обвинителство ќе му го наложи за да си ги пополнат дупките во нарачаните и лажни обвиненија, очигледно пишувани под политички диктат во интерес на луѓе спремни на се, за остварување на својот личен профит и цели.
Колку Нинџа и да мисли дека вечно ќе му трае пазарот со Обвинителството и трговијата со лажни искази во замена за олеснителни околности за него, колку и да мисли дека кажувајќи гнасни лаги ќе може вечно да затвара невини луѓе, а тој, криминалец со илјадници страници криминално досие и години и години во затвор за своите злодела, работите ќе се сменат и тој ќе одговара пред објективен суд за се што сторил, наклеветил, гнасно излажал и уништил човечки судбини за лична корист, исто како и нарачателите и извршителите на овие срамни судско-обвинителски фарси.
Кога на вакви криминалци и нивните гнасни лаги се потпираат во #ВиРус обвинителството, јасно е зошто македонскиот народ има 2% доверба во тоа обвинителство. Дури и тие два проценти им се премногу на обвинителите кои го ангажираат криминалецот Нинџа да им ги пере и поткрепува лагите во замена за олеснителни околности за него.
Правда ќе има, еден ден, не далеку од денес. Вистинска правда, а не пародија базирана на лажните сведочења на овој криминалец од светски калибар, стои во нивниот пост на Фејсбук.

 


Од истата категорија