Пациентка во белгиска болница, заболена од Ковид 19 раскажува за своите искуства:
„Јас сум во Универзитетската болница. Можам да ви кажам дека е ужасно. Сакам да ви порачам да останете дома, не се ракувајте со други, не се бакнувајте за поздрав. Запазете ја дистанцата од другите и не одете кај пријатели. Навистина не можам да опишам колку е лошо.“
„Остри болки во главата, вратот, грбот, рамениците – како со нож. Не издржувам. Направив се. Дури пеев и песни, за да се охрабрам и да не се предадам. Жалам… Ве молам, не му го правете ова никому. Останете дома. Не претерувам. должна сум ова да го кажам, за да ве предупредам. Во еден момент сте добро и мислите дека сте се извлекле, дека заздравувате и се опоравувате. Но, во следниот момент доаѓа болката, која не може да се опише. Пекол е!“, раскажува Амаралис Добелаер.