Во вчерашната „Што не е јасно“ со Искра Коровешвоска, Александар Николоски од ВМР-ДПМНЕ истакна дека вчерашната одлука на НБРМ за зарбрана на исплата на дивиденда од банките и осигуреителните компании не е случајна и не е случајно одбран денот на кој ќе се соопшти одлуката, бидејќи целта на власта е ваквите важни моменти да се прикриваат со други повеќе популистички случаи како “Монструм” и пресудата на Сашо Мијалков. Со ваквите одлуки, властите директно признаваат дека Република Македонија е пред банкрот, а не дека е се сјајно како што тие упорно пробуваа да ја прелажат македонската јавност, тврди Николоски.
-Забраната на осигурителните компании и банките да исплаќаат дивиденди на нивните акционери, не само што ќе ги оштети акционерите, туку тоа води до целосна недоверба во банкарскиот систем. Секој човек кој малку ги препознава овие сигнали, ќе замине веднаш да ги извади своите депозити, за да не му пропаднат. Тоа е преочигледно и жално е тоа што таквиот начин на соопштување е јасен дека Македонија е се поблиску до банкрот и лоша економска ситуација на подолг период, додаде Николоски.
Република Македонија веќе нема простор за задолжување, бидејќи Зоран Заев ја задолжи за 1 милијарда и 600 милиони евра за само две години и стопанствениците немаат сили да продолжат и да застанат на нозе, само поради неспособноста на Зоран Заев и на Владата кои што со својата некомпетентност и неработа ја доведоа државата на раб на егзистенција, односно во пропаст, истакна Николоски.
-Република Македонија и македонската економија можат да се спасат само доколку оваа ненародна власт падне, а потоа веќе од септември да можеме да ги заживееме банките и осигурителните компании, за економијата да застане колку толку на нозе. Македонскиот народ е тој кој што треба да одлучи во каква земја сака да живее и дали заслужува подобар животен стандард, а не секојдневие исполнето со лаги и манипулации од страна на Заев и власта, заврши Николоски.