Водата од чешмата во дворот на џамијата во Нерези и јавната чешма на кривината во село Долно Нерези не се безбедни за пиење и претставуваат опасност по здравјето на човекот.
– Ваквата состојба со водата од двете јавни чешми во Нерези е утврдена по инспекцискиот надзор од страна на Државниот инспектор за храна од подрачната единица Скопје при Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти општина Карпош.