Жестоки реакции предизвика огласот на Универзитетската клиника за Гинекологија и акушерство во Скопје, каде што е наведено дека се бараат лекари со албанска етничка припадност.

Во огласот за вработување на здравствени работници на неопределено време се вели дека ГАК има потреба од двајца доктори на специјализација по гинекологија и акушерство, еден од турска и еден до албанска националност, двајца специјализанти по педијатрија од албанска националност и специјализанти по анестезија и интензивна медицина каде што се бараат Ром и Албанец.

Не е битно дали е професионален и стручен лекар, туку да е Албанец, Турчин, Ром, добро луѓе дали сте нормални???
Па уште со напомена е ставено, да не случајно се залета некој друг, ич да не аплицирате.
Јас нема да коментирам понатака само СО ЦЕЛ СВОЈ АВТОРИТЕТ ВИ КАЖУВАМ ДЕКА ВАКОВ ПРЕСЕДАН НЕ ПОСТОИ ВО МЕДИЦИНСКИОТ СВЕТ!
НАЦИОНАЛНОСТ НЕ ПОСТОИ ВО ТЕРЦИЕРНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА, ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА ОД ВАКОВ ВИД ВО ДРЖАВАТА!
ГАК, ова е голем срам за вас ко институција, а па и дека не се буните никој од вас, нека ви стои заслужена срамота
“, истакнува д-р Ненад Лазаров во реакција на Фејсбук.

Тој тврди дека ваков преседан не постои во медицинскиот свет.

„Каква врска има националност со гинекологијата и акушерството?“, прашува тој.

Конкурсот е распишан врз основа на Законот за вработени во јавниот сектор. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека пред објавување на конкурсот огласот, тој се одобрува од Управниот одбор на клиниката и дека Законот го предвидува тоа, но знаењето и искуството имаат првенствено значење.