На денешната заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ присуствувал и тн. поглавар на тн. ПОА, Јован Вранишковски.
Литургијата за помирување, како што објавивме се одржа утрово во храмот Свети Сава во Белград, а на неа служеа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан.
На литургијата имало голем број верници и граѓани и таа е прва заедничка по одлуката на Саборот на СПЦ.
Според пишувањето на повеќе медиуми ПОА на Вранишковски, која беше единствена што СПЦ досега ја признаваше во Македонија, ќе се претопи во МПЦ-ОА, а тој ќе одел во пенизија поради нарушено здравје.