Амбасадите на Република Македонија и Република Бугарија во Белград, Прага, Варшава и Киев заеднички ќе го одбележат и чествуваат празникот 24-Мај Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Од Министерството за надворешни работи на нашата земја соопштија дека ова заедничко одбележување на амбасадите е договорено со Министерството за надворешни работи на Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.