Во рамките на големата хуманитарна акција за лекување на Јана Арсовска од Охрид, во сабота 12-ти октомври од 19:30 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде одржан хуманитарен концерт под мотото „ЗАЕДНО ЗА ЈАНА“ на кој ќе настапат Фолтин, Камелеон, Ѓоко Танески и Владимир Четкар.
Цената на влезницата е 300 денари, а сите собрани средства ќе одат на сметката за лекување на Јана.
Во рамките на првиот месец од кампањата за собирање средства за лекување на Јана, на сите сметки (банкарските денарска и девизна, броевите за донации преку телеком операторите и интернет донирањето на gofundme.com/hopeforjana) собрани се речиси 80.000 евра, додека пак цената на целокупниот третман во Барселона чини 213.329 евра. Болницата во Барселона, која се согласи да ја лекува Јана, не прифаќа аванс за почеток на терапија, туку бара истата да биде исплатена во целост пред почетокот на лекувањето. Токму затоа акциите за донации мора да зачестат и да добијат на поголем обем.