Не ја предложив Вилма Рускоска за шеф на новото обвинителство, рече на денешната прес-коференција премиерот Зоран Заев.
– Не ја предложив Вилма Рускоска за шеф, само кажав кој сега раководи со обвинителството – рече Заев во одговор на новинарско прашање од новинарот на српска Политика околу неговата најава на претходната прес конференција, на која изјави дека СЈО ќе влезе во постоечкото ЈО и ќе биде под раководство на Вилма Рускоска:
-Како вие како премиер ја назначувате Вилма Рускоска за шефица на идното СЈО, кога вие не раководите со обвинителството, праша новинарот.
Заев објасни дека има процес и процедура, односно дека изборот се прави на конкурс преку Советот на обвинители. Заев повтори дека со предлог-законот за ЈО е прифатено решението што го предлагаше ВМРО-ДПМНЕ, Специјалното јавно обвинителство да се стави под Основното јавно обвинителство.
Еве ја извјавата на Заев во видео преземено од ТВ Ал сат: