Аирлија народе, во една рака имаме НАТО, во другата успешен попис, напиша премиерот Зоран Заев и веднаш го прогласи за успешен со „преку 99 отсто попишани“.
– После 20 години, имаме УСПЕШЕН попис! Заврши пописот – попишани се преку 99 отсто од граѓаните, попишани се околу 1 милиони и 860 илјади граѓани, околу 570.000 домаќинства и околу 840.000 станбени единици. Нека ни е честито, покажавме кој има капацитет, а кој нема. Да сме горди на себе – за само три години, тоа што било невозможно со децении, денес го имаме во нашите раце: во едната рака ни е НАТО, во другата рака – успешен попис. Нека е аирлија!- напиша Заев на Фејсбук.
Неговиот статус побрзаа да го споделат неговите министри, членови на СДСМ и симпатизери, меѓу кои и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Но, не и сите граѓани, бидејќи уште синоќа имаше бројни реакции и коментари за бројките од „преку 99 отсто попишани“, кои не одат во прилог на Заев.