Македонија ќе постапи според меѓународните правила и договори во однос на барањето за екстрадиција во Турција на неколку нејзини државјани, истакна денеска премиерот Зоран Заев на работилницата за „Гаранција за млади“
– Турција е голем пријател на С. Македонија и тие укажуваат секогаш заради тоа што нивните очекувања ги аргументираат со нивни аргументи кои ги имале како сознание во Турција. Ние постапуваме со меѓународните правила, договори и регулативи кои постојат во нашата земја. За ваквите предмети надлежно е Јавното обвинителство и тие доколку утврдат докази, треба да постапат и без барање на турската држава, истакна Заев.
Тој уште еднаш потенцираше дека доколу постојат докази веднаш ќе се постапи.