ЗАЕВ: Ако Пендаровски загуби, и ако опозицијата побара, кажувам гласно, прифаќам предвремени парламентарни избори!

/ 26.03.2019

Ако не победи кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски, спремен сум да разговарам со опозицијата за предвремени парламентарни избори, рече Зоран Заев во вечерашната дебата на Канал 5.

-Тоа би и дало кредибилитет на опозицијата да повика на избори. Јас кажувам јасно и гласно, прифаќам предвремени парламентарни избори ако побара опозицијата доколку Пендаровкси изгуби. Така треба и Мицкоски да каже јасно и гласно дали ќе си поднесе оставка ако изгуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.

Мицкоски на тоа рече дека е избран за претседател на партијата на конгрес и дека има мандат од четири години.

-Мицкоски ќе ве победи на следните парламентарни избори, ако си останете на зборот, додаде тој.


Од истата категорија